Тероритички напад во Лондон, една жена подлегна на повредите
Го разгледуваме настанот пред Вестминистер како терористички напад се додека не се докаже спротивното, се наведува на интернет страницата на британската полиција.

Една жена им подлегна на повредите здобиени во нападот пред британскиот Парламент, кој полицијата го оквалификува како терористички чин.
Го разгледуваме настанот пред Вестминистер како терористички напад се додека не се докаже спротивното, се наведува на интернет страницата на британската полиција.
Лидерот на Домот на општините Дејвид Лидингтон истакна дека напаѓачот бил застрелан откако со нож нападнал полицаец во комплексот на британскиот Парламент.
Според очевидци напаѓачот прво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до Парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминистер. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата. Лекар, од болницата Свети Томас изјави дека голем број лица се повредени, од кои некои се со „катастрофални“ последици, јави Би-Би-Си.
Комплексот на Парламентот е блокиран. Има информации и за други инциденти во регионот, наведе Лидингтон.
Зградата на Парламентот веднаш по нападот е заклучена од сите страни, а министрите се ставени на посебно безбедно место. Никој не може да влезе, а ниту да излезе од Парламентот, кој денеска е полн со пратеници, владини министри и администрација на владата, затоа што во среда редовно се одржува парламентарна дебата во Долниот дом.
Никој засега не знае кој стои зад овој напад во Лондон, кој доаѓа по подолго време на релативна безбедност на улиците, а посебно на британските јавни институции.
