Четворица мртви и дваесет повредени во терористичкиот напад во Лондон
Загинаа четири, а повредени се 20 лица. Меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец, јави „Гардијан“.

Во серијата инциденти во околината на Британскиот парламент, оквалификувани како терористички напад, загинаа четири, а повредени се 20 лица. Меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец, јави „Гардијан“.
Напаѓачот прво со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до Парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминистер. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата. Лекар, од болницата Свети Томас изјави дека голем број лица се повредени, од кои некои се со „катастрофални“ последици, јави Би-Би-Си.
Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава на состанокот на владиниот Комитет за вонредни ситуации (КОБРА), што се одржува по нападот во Лондон.
Никој засега не знае кој стои зад овој напад во Лондон, кој доаѓа по подолго време на релативна безбедност на улиците, а посебно на британските јавни институции.
