Уапсени 2 македонски државјани со 140 кг. марихуана

09.02.2014 15:00

Српската полиција на граничниот премин Батровци, приведе двајца македонски државјани  кај кои се откриени  140 кг. марихуана. Осомничените Севим А. и Исмаил А. на преминот на излез кон Хрватска, во камион со македонски регистерски таблички, се обиделе да пренесат 319 пакети марихуана, со вкупна тежина од 140 кг. Дрогата била сокриена во 64 дрвени носачи на цирадата од камионот.

Вредноста на откриениот наркотик е проценета на 600.000 евра и како што соопштува полицијата, била наменета за илегалниот пазар во Западна Европа.

На двајцата македонски државјани им е одреден притвор, под обвинение за сторено кривично дело-неовластено производство и дистрибуција на опојни дроги.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.