Партиите ја продолжија координацијата во Собранието
Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи ќе бидат застапени во неа. ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.

Во Собранието на Република Македонија денеска продолжи координативната средба на претставниците на парламентарните групи за утврдување на предлогот за составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата. Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи ќе бидат застапени во неа. ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.
Координативната средба почна завчера. На вчерашното продолжение беше одлучено да се одложи за денеска. Претставниците на парламентарните групи остнаа на истите ставови поради што се уште не е постигнат напредок во разговорите за претседател на Комисијата.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира како најголема пратеничка група да го добие претседателското место во Комисијата. Од СДСМ, пак, со став дека тие го имаат обезбедено парламентарното мнозинство и дека треба да раководат со Комисијата.
