Киев: Санкции за филијали на руски банки во Украина

23.03.2017 11:56

Банките Сбербанк, ВЕБ и ВБТ се меѓу 20-те најголеми кредитодаватели во земјата.

Украинската централна банка соопшти дека од денеска стапуваат во сила санкциите против филијали на руски банки во Украина. Тие ќе вклучуваат забрана за финансиски операции, кои се од корист за централните на тие филијали.

Банките Сбербанк, ВЕБ и ВБТ се меѓу 20-те најголеми кредитодаватели во земјата.

Украина веќе им забрани на тие банки да ги зголемуваат депозитите поради тензиите во односот меѓу киев и москва во врска со анексијата на Крим и поддршката на Русија на проруските сепаратисти во источниот дел на земјата.