СЈО отвори четири нови финансиски истраги
„Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“- нови истраги на Специјаното јавно обвинителство. Јанева побара Собранието да ја разгледа можноста за продолжување на рокот за функционирање на ова обвинителство. Дел од медиумите во знак на протест ги спуштија камерите. Од СЈО велат ниеден медиум засега не е под истрага на обвинителството.

„Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“- Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови финансиски истраги за четири лица кои се однесуваат на набавки во МВР, изградба на училиште во општина Зајас и за даночни затајувања.
Обвинителката Фетаи информира дека првата истрага „Табла“ се однесува на залоупотреба на службена положба од страна на директор на ЦОУ „Реџо Рушит“ во Зајас за изградба на училиште.
Втората истрага „Триста“ се однесува на кривично дело залоупотреба на службена должност од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи во врска со јавна набавка за 300 возила. Како што рече Фетаи, тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра.
„Тотал“ е третата истрага во која постои основано сомение за даночно затајување од страна на сопственикот на Тотал маркетинг агенција, Тотал маркетин ДООЕЛ Скопје, Медиа макс и сопственик на Тотал медиа центар Скопје.
И четвртата истрага „Тифани“ е за даночно затајување во кое се сомничи физичко лице сопственик на Смарт центар ДООЕЛ и Смарт клуб ДООЕЛ Скопје кое од 2008 до 2014 година одбегнала плаќање од 37.634 евра на правните лица и за неа 16.924 евра.
Од СЈО наведоа дека деновиве ќе оформат обвинителен акт и оти не се побарани мерки за обезбедување за ниту еден од осомничените.
