Ван Хол- проширување на производството во Македонија
Нови 100 вработувања, и дополнителни 10 милиони евра во фабриката за автобуси Ванхол во Македонија, но тоа не крајот .Според нејзиниот сопственик Филип Ваххол , тие не планираат отворање на нови капацитети и нови вработувања. Заинтересираноста на Владата за нови инвестиции како и на македонското население , дополнето со традицијата за производство на автобуси се клучните фактори зосто се одлучиле да инвестираат токму во Македонија.

Отворањето на третата производствена линија во фабрката за автобуси Ванхол во јануари , во Македонија заначеше инвестиција од дополнителни 10 милиони евра и отворање на нови работни места во нашата држвата. Сопсвеникот на фабриката Филип Ванхол и еден од најголемите странски инвестирори во Македонија, во ексклузивното интервју за македонската ТВ говореше за идните планови на нивната инвестиција.
- Говориме за околу 30 до 35 милиони евра, толку ке чини целосната инвестиција според нашите моментални планови. Во јануари започнавме со вработување на уште 100 работници, и досега имаме вкупно 400 вработени, а нашата крајна цел е дојдеме до бројка од 600 до 700 варботувања. Планираме да започнеmе и со изградба на четвртата производствена линија. - Филип Ванхол
Крајната цел е фабриката Ванхол во Македонија да произведува до 700 автобуси годишно, но за оваа бројка може да се говори дури следната година. Во моментов во Белгија инжинерите и дизајнерите работат на идниот дизајн на овие возила, иако според Ванхол за разлика од белгиската фабрика , во македонија се работи на стандартни модели.
Тука во Белгија произведуваме за американскиот и заподноевропскиот пазар, во моментов имаме околу 120 до 130 модели, а во Македонија освен за американскиот и западно европскиот пазар, произведуваме и за срдноисточниот и израелскиот пазар. - Филип Ванхол
Отвореноста на Владата за директни контакти, пристапноста до министрите и екпресно брзото решавање на проблемите, квалификуваните работници, техничките училишта и ниските даноци се причините зошто овој инвеститор се одлучил да инвестира во Македонија. Според Ванхол бизнис климата во нашата држава е на високо ниво со тендеција за постојано напредување.