Софија: Откриени 28 илегални мигранти во опожарен камион
23.03.2017 12:06
По гаснењето на пожарот, полициските тимови под подот на каминот откриле специјално изработен бункер во кој биле скриени мигрантите.

Бугарската полиција во еден опожарен камион во близина на бугарско- турската граница во реонот на Бургас, откри 28 илегални мигранти.
Камионот што превезувал чакал, се запалил на еден шумски пат во близина на пограничното село Резово.
Пожарот избувнал во возчката кабина на камионот и делумно ја оштетил каросеријата на возилото. По гаснењето на пожарот, полициските тимови под подот на каминот откриле специјално изработен бункер во кој биле скриени мигрантите.
