Лавров: Се надеваме дека Западот ја сфаќа опасноста од дестабилизација на Македонија

23.03.2017 12:25

„Сегашната ситуација во Македонија е малку покомплицирана, дури би ја нарекол и криза, во голем дел предизвикана вештачки, која води до ситуација за обиди за поделба на општеството“, оценува Лавров.

Русија повторно се огласи за ситуацијата во земјава. „Спутник“ пренесува дека министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјавил оти Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија.

„Сегашната ситуација во Македонија е малку покомплицирана, дури би ја нарекол и криза, во голем дел предизвикана вештачки, која води до ситуација за обиди за поделба на општеството“, оценува Лавров.

Официјална Москва неколупати досега повика на запирање на странското мешање во внатрешните работи на Македонија.