Реакции по нападот во Лондон: Светот сочувствува со Велика Британија

23.03.2017 12:36

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека веста за нападот го потресла, додека пак, министерот за надворешни работи Зигмар Габриел оцени дека терористичкиот напад е напад во „срцето на демократијата“. Тој додаде дека не е случајно што нападот бил изведен во близина на Британскиот Парламент. Нападот го осуди и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

По вчерашниот терористички напад, голем број земји изразија сочувство и солидарност во овие тешки моменти за Британците. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија стои „цврсто и решително на страната на Велика Британија во борбата против секаква форма на тероризам“.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер изјави дека веста за нападот го потресла, додека пак, министерот за надворешни работи Зигмар Габриел оцени дека терористичкиот напад е напад во „срцето на демократијата“. Тој додаде дека не е случајно што нападот бил изведен во близина на Британскиот Парламент. Нападот го осуди и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс.

„Денеска се сеќаваме на сите оние што биле погодени, повредени или убиени, на нивните сакани, на сите оние што ги загубле своите деца, мажи, жени, браќа, сестри. Мора да и оддадам признание на оваа земја што не падна во стапицата на терористите и што не одговори на омраза со омраза“, изјави Тимерманс.

Американскиот претседател Доналд Трамп и изрази уверување на британската премиерка Меј дека ја има неговата целосна поддршка. Претходно, сочувство изрази  и американскиот министер за надворешни работи Рекс Тилерсон, кој ги осуди, како што рече, ваквите „ужасни насилнички акти“.

Францускиот претседател Оланд изразувајќи солидарност со Британците, оцени дека „тероризмот ги погодува сите и дека е потребна организација на европско ниво, па дури и пошироко“.

Сочувство изрази и рускиот претседател Путин. Тој рече дека е очигледно дека за справување со терористичката закана се потребни обедини напори  на сите членови на светската заедница.

Марина Автовска