Повторно прекината координацијата во Собранието
Како и претходните денови, повторно пауза, која треба да продолжи по 13 часот. Се уште нема договор за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања. И натаму нема отстапување од ставовите.

Нова координција на претставниците на парламентарните групи, за утврдување на предлогот за составот на собраниската Комисија за прашања на изборите, и именувањата.
Како и претходните денови, повторно пауза, која треба да продолжи по 13 часот. Се уште нема договор за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања. И натаму нема отстапување од ставовите.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира, како најголема пратеничка група да го добие претседателското место во Комисијата. Од СДСМ, пак, со став дека тие го имаат обезбедено парламентарното мнозинство, и дека треба да раководат со Комисијата.
Досега е усогласен соодносот на членовите во комисијата. Шест члена ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, а по еден ќе имаат ДУИ и Беса.
