СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи парламентарните процедури

23.03.2017 13:13

Мора да се одблокираат парламентарните процедури, и согласно со деловникот, што побрзо да се избере претседател на Собранието, стои во соопштението.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право да се инволвираат во продолжувањето на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис секторот и на иднината на државата, велат од СДСМ. Мора да се одблокираат парламентарните процедури, и согласно со деловникот, што побрзо да се избере претседател на Собранието, стои во соопштението.

Велат, новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена, што го бара, за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата влада.

На кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието, кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламенатрно мнизинство.

Груевски имаше 20 дена, но не успеа да формира влада, стои во соопштението на СДСМ.