ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се бориме за заштита на државните интереси

23.03.2017 13:14

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, така и овој пат, ќе ги почитуваат Уставот, законите и парламентарната пракса, стои во соопштението...

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека граѓаните знаат дека СДСМ и нејзините пратеници во многу наврати досега оневозможуваа нормално функционирање на Собранието, се обидуваа да блокираат донесување на голем број позитивни законски решенија, поднесуваа илјадници неаргументирани и смешни амандмани, навредуваа, уништуваа собраниски инвентар, бојкотираа, не доаѓаа на работа и уште многу други недолични и несвојствени работи за една пратеничка група.

За разлика од нив, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, така и овој пат, ќе ги почитуваат Уставот, законите и парламентарната пракса, стои во соопштението.

Потенцираат дека силно ќе се спротивстават на измамата, која СДСМ ја направи со прифаќањето на Тиранската платформа, и во ниту еден случај нема да престанат да се борат за заштита на државните и националните интереси.