„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

23.03.2017 13:20

„Никој однадвор нема да ја прекројува Македонија, туѓата платформа го разбуди гласот на Македонецот“- порачаа граѓаните на синоќешниот собир.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со нови протести во Скопје и во другите градови во земјава. „Никој однадвор нема да ја прекројува Македонија, туѓата платформа го разбуди гласот на Македонецот“- порачаа граѓаните на синоќешниот собир.

Организторите велат, маршевите продолжуваат сѐ до исполнување на барањата. Од граѓанската иницијатива ги повикаа сите граѓани кој искрено ја сакаат мултиетничка, а не двонационална Македонија да се приклучат на протестот. Ги повикаа и политичките партии да да ја отфрлат платформата од Тирана и да ја зачуваат унитарноста на земјава.