Филигранството како занает
По десет години талкање без работа младата Катарина Дода, по струка прехранбен техничар си обезеди егзистенција

Го искористи семејниот бизнис на својот татко, кој рачно производува печки за топење злато и сребро. Катарина четврта година професионално се занимава со филигранство.Од утро до вечер, вредните раце го оформуваат секое парче сребро во убав филигран. Во печките го топи среброто и почнува со изработката .Најомилени и се обетките .
-Бев во контакт со луѓе што изработуваат накит и барав начин да ги реализирам моите идеи. За изработка на накитот, ја одбрав филихгранската техника бидејќи целиот процес се работи рачно , со сребрената жица може да ги реализирате сите идеи . - Катарина Дода производител на филигрански накит
Не е лесно да се изработи посакуваниот накит , но љубовта кон овој речиси најстар занает од ден на ден е се поголема, вели 36 годишната Катарина.
-Почнав со филигранот ,не беше нималку лесно.Сега кога ќе погледнам наназад за овие четири години многу фестивали ширум светот ,мојот накит го има насекаде . - Катарина Дода производител на филигрански накит
Курсот во Занаетчиската комора бил првиот чекор на сега веќе препознатливото име. Катарина со изработките од филигрански накит е гостин на неколку фестивали ,најпознатиот Санта фе во Америка .Нејзиниот сон е да отвори центар за филигранство за да го пренесе знаењето но и за да се зачува традицијата ... ..
Дијана Ценевска
Сним.Ѓорѓи Трпески
