Продолжи координативната средба во Собранието
23.03.2017 13:43
На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата.

По пауза од еден час дадена за дополнителни консултации, во Собранието на Република Македонија продолжи координативната средба за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата.
Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи ќе бидат застапени во неа. Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.
