Метео: Утре 27 степени, пад на температурите од понеделник

23.03.2017 13:57

За време на викендот се очекува локално наоблачување со можна појава на врнежи особено во недела, додека температурите ќе имаат тенденција на опаѓање.

Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре проследено со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Дневната температура ќе достигне до 27 степени. За време на викендот се очекува локално наоблачување со можна појава на врнежи особено во недела, додека температурите ќе имаат тенденција на опаѓање.

Позначителен пад на температурите ќе настапи од понеделник.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска