Анкета на ИПИС: Нови парламентарни избори- најдобро решение за надминување на кризата
За 45,8 насто од анкетираните, најдобро решение за надминување на кризата се нови парламентарни избори заедно со локалните. 35,5 проценти пак сметаат дека претседателот Иванов треба да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Заев, и да се формира нова влада. Од испитаниците Македонци, нешто повеќе од половина се за нови избори, а 30 насто мандатот да го добие Заев.
65,5 насто од испитаниците според анкетата на Институтот за политички истражувања сметаат дека со одржување на изборите на 11-ти декември не се надмина политичката криза. 23,2 насто имаат спротивно мислење. За 45,8 насто од анкетираните, најдобро решение за надминување на кризата се нови парламентарни избори заедно со локалните.
35,5 проценти пак сметаат дека претседателот Иванов треба да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Заев, и да се формира нова влада. Од испитаниците Македонци, нешто повеќе од половина се за нови избори, а 30 насто мандатот да го добие Заев.
Кај етничките Албанци пак 55,5 насто сметаат дека шефот на државата треба да му го довери мандатот за нова влада на лидерот на СДСМ. Само 9,2 насто одговориле дека се за нови предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
56,5 насто од испитаниците го оправдуваат потегот на Иванов да не го даде мандатот на Заев сѐ додека не се откаже од платформата од Тирана. Речиси 30 проценти не го оправдуваат ваквото барање на македонскиот претседател. Во анкетата не се вклучени испитаници од албанската етничка заедница.
Кај испитаниците етнички Македонци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба. За Груевски се изјасниле 32,9 насто, а за лидерот на СДСМ, Заев 15 проценти. Претседателот Иванов има доверба кај 3,9 насто од испитаниците.
Кај етничките Албанци, Али Ахмети има доверба од 20,2 проценти, Зоран Заев 8,4, Билал Касами 5, Зијадин Села 4,2, Мендух Тачи 3,8 проценти. Според анкетата, етничките Албанци немаат доверба во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и во претседателот Иванов.
Според истражувањето на ИПИС, 50 проценти од анкетираните сметаат дека СЈО и обвинителката Катица Јанева се под контрола на СДСМ или на странците, додека пак 33 насто одговориле дека работат професионално. Речиси е ист соодносот на одговорите на прашањето дали треба или не да се продолжи мандатот на СЈО.
Ако се издвојат испитаниците според етничката припадност, половина од Македонците одговориле дека не треба да се продолжи мандатот на СЈО, а пак високи 80 проценти од Албанците одговориле потврдно.
Третиот дел од истражувањето на телефонската анкета од Институтот за политички истражувања од Скопје е спроведен во периодот меѓу 10-ти и 13-ти март на 1.100 полнолетни испитаници на ниво на цела држава.
Милчо Велески
