Постигнат договор за Комисијата за прашања на изборите и именувањата
23.03.2017 14:11
Официјално, кој ќе биде претседател на Комисијата ќе се знае по 15 часот кога треба да продолжи координацијата...

Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ, е договорено на денешната координација во Собранието.
Официјално, кој ќе биде претседател на Комисијата ќе се знае по 15 часот кога треба да продолжи координацијата, но според партиски извори, тоа најверојатно ќе биде Илија Димовски.
Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.
