Ирак: Над 200 луѓе убиени во Мосул

23.03.2017 14:25

Според медиумите, меѓу загинатите најверојатно има и припадници на Исламска држава.

Најмалку 200 луѓе загинале во воздушен напад на една куќа во Мосул, а меѓу жртвите има најмногу цивили. Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале околу 130 луѓе, а околу100 биле надвор.

Според медиумите, меѓу загинатите најверојатно има и припадници на Исламска држава.

Исламистичките милитанти во почетокот на неделата заробиле полициски полковник и осуммина други полицајци во западен мосул откако останале без муниција за време на жестока престрелка.

Според податоците на Обединетите нации, во западниот дел на Мосул во моментот се заробени околу 400 илјади луѓе.