Примопредавање на комплексот „Мауцкер„ од МО на општина Охрид

09.02.2014 15:14

Денеска се изврши примопредавање на земјиштето и објектите кај месноста Мауцкер од министерството за одбрана на општина Охрид.Како што најавија од локалната самоуправа на тој простор ќе се изгради индустриска развојна зона,во која под еднакви услови ќе мозат да инвестираат странските и домашните инвеститори.

Со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните еден од приоритетите на министерството за одбрана е преку предавање на имотот кој армијата не го користи да се поттикне локалниот економски развој.Поради тоа на охридската локална самоуправа и е предаден на владеење локалитетот Мауцкер,кој се наога на самиот влез на градот,на магистралниот пат Охрид-Скопје.
 
„Ќе и дадеме можност на локалната самоуправа да гради една нова перспектива за охриѓани,со тоа што на овој простор ќе формира мала индустриска зона,која ќе значи отворање на нови работни места„. - Сашо Стефаноски-Државен секретар во Министерството за одбрана
 
Охрид е општина со најголема невработеност и најнизок стандард во Република Македонија,рече градоначалникот Бакрачески,а добивањето на овој простор ќе овозможи да се реализира дамнешната заложба за изградба на индустриска развојна зона.
 
„Овој простор ќе им дава подеднакви шанси не само на странските,туку и на домашните инвеститори.Тие ќе мозат да конкурираат под исти услови„.- Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид
 
Во министерството за одбрана интензивно работат на точно утврдување на парцелите во охридската касарна.Дел веќе користи МВР,дел ќе му биде предаден на министерството за образование,а остатокот ќе стане сопственост на општината.