Македонија и Белорусија ја продлабочуваат соработката

23.03.2017 15:36

Македонија и Белорусија потпишаа договор за културна соработка. Наскоро ќе се формира и заедничка стопанска комора на двете држави...

Македонија и Белорусија потпишаа меморандум за културна соработка меѓу Министерствата за култура на двете држави. Договорот го потпишаа во Белград амбасадорите на двете земји и тој преставува правна рамка за продлабочување на културната соработка.

„Ова преставува чекор напред во правец на интензивирање и проширување на културната соработка, што подразбира потесна институционална  соработка,презентација и промоција на културно- историските богаства на двете земји, размена на експерти од културата, уметноста и книжевноста. Цврсто изградените врски од областа на културата, отвараат нов простор за подинамичен развој на односите во областа на економијата,туризмот, науката, образованието, спортот “, изјави Вера Јовановска- Типко, Амбасадор на Република Македонија во Белград.

Наскоро во Македонија ќе има повеќе манифестации со кои ќе се престави белоруската култура, а ќе се преведт и повеќе белоруски поети на македоннски јазик. И не само тоа- изјави за МТВ белорускиот амбасадор.

„Во мај или во јуни ќе се формира заедничка мешовита белоруско-македонска стопанска комора, кога ќе ги  презентираме и нашите економски и туристичките потенцијали. Македонија за нас е пријателска земја- партнер и работиме на унапредувањето на односите и сакаме да го развиеме и политичкиот дијалог меѓу двете држави“, изјави Владимир Чушев, амбасадор на Република Белорусија во Белград.

Македонија и Белорусија воспоставија билатерални односи во 1993 година. Минатата година потпишан е заеднички договор за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи- за заедничка дипломатска активност во меѓународните организации и на билатерална основа.

 

Оливер Беанковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ