Форум за работодавачи за подобри политики за вработување

23.03.2017 15:41

Продлабочување и развивање на меѓусебната соработка за поголема искористеност на активните програми за вработување. Во Скопје се одржа форум за поголема вработеност.

Подобри политики за вработување во приватните компании, поголема соработка меѓу компаниите и државните институции. Ова беа главните прашања за кои расправаа работодавачите и надлежните. Се користат активните мерки за вработување.

Од Занаетчиската комора на Скопје велат дека активните мерки им се од корист и на невработените и на работодавците. Најчеста мерка која ја користи комората е мерката практиканство.

Надлежните се задоволни од резултатите на активните мерки за вработување кои се спроведуваат веќе 10 години.

Оперативниот план за годинава опфаќа 22 мерки и услови за вработување.

 

Наташа Јанчиќ