Лов на јастози во Мејн
09.02.2014 15:19
Американската сојузна држава Мејн го произведува надалеку познатиот јастог од Мејн. Македонската телевизија имаше можност да види како се одвива ловот на јастози и подготвува во ресторани во Вашингтон.

Американската сојузна држава Мејн го произведува надалеку познатиот јастог од Мејн. Македонската телевизија имаше можност да види како се одвива ловот на јастози и подготвува во ресторани во Вашингтон.
Кристално чистиот Атлански океан е природното наоѓалиште на Американскиот јастог или попознат како јастог од државата Мејн. Лов на јастози е главно производство во Мејн и е казниво со 1000 долари казна ако уловите нелегално само еден јастог. Со генерации Американци со своите бродови крстарат низ Атланскиот океан долж Источниот брег и ловат јастоци со посебни кафези на кои има и чип за да се регистрира од кое наоѓалиште се уловените јастози.
„Во мометов, ловот на јастози е три пати поголем од вообичаеното. Има големо наоѓалиште и ние добро го заштитуваме.„ - Боб Бејнс-ловец на јастози во Мејн
„Ловот расте со таква брзина што треба да најдеме нови пазари и повеќе потрошувачи.„ - Гери Кашман-ловец на јастози во Мејн
Јастозите се селектираат по големина на брегот и се испраќаат на готвење. Бидејќи јадењето јастози може да биде сложено, најчесто во рестораните како овој во Вашингтон се испраќа веќе подготвено месо од јастози, кое се сервира со таен рецепт на сос и зачини.
„Еве ставам јастог во лепчиња. Многу е едноставно. На крај го завршувам процесот со маргарин со лимон, што е тајната на добро подготвен јастог, и зачини кои се тајни и проиведени овде во Америка.„ -Сем Бит-готвач на јастози во Вашингтон
Јастог од Мејн е едно од најскапите јадења во Вашингтон, но исклучително здрава храна омилена и на младите и на старите.
Изјава Лили Шрубен-менаџер во ресторанот Лукс јастог во Вашингтон
„Сенаторот Маскијан ни го донесе овој грб од Мејн при отворањето на ресторанот и е чест гостин овде. „
Ловот на јастози во Мејн годишно носи милиони долари заработувачка. Секоја година во оваа држава се одржува и фестивал на јастози.
„Американците велат дека јастозот од Мејн е најдобриот јастог во светот.„
Ирина Гелевска- постојан дописник за МРТ од Вашингтон
