Малите парцели проблем македонскиот аграр

24.03.2017 10:16

Многу земјоделски стопанства во Македонија се со мали површини за обработка. Ова е проблем за производството и профитабилноста на македонскиот аграр. Откупувачите и трговците повеќе се заинтересирани да се пазарат и да купуваат големи количества храна и земјоделски производи кои земјоиделците не секогаш можат да ги понудат.

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на македонското земјоделство е проблем за поголемо производство и за намалување на производствените трошоци.

Ситните производители мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, порачуваат експертите.

Обработливите површини се во просек од 1,4хектари, често се поделени, оддалечени од патната инфраструктура и со големи производствени трошоци.

Преработувачите, наместо од индивидуални, повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство, а со тоа ги прави пониски и откупни цени.

 

Методија Трајков