Македонија по осми пат дел од акцијата „Час на планетата Земја“
Осветлувањето во Македонија ќе биде исклучено во 20 часот и 30 минути во период од еден час кога во мрак ќе бидат над 178 земји и 7.000 градови во светот.
Со исклучување на осветлувањето на одредени локации во Скопје и во Охрид, утре по осми пат Македонија ќе се вклучи во одбележувањето на големата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“.
Осветлувањето во Македонија ќе биде исклучено во 20 часот и 30 минути во период од еден час кога во мрак ќе бидат над 178 земји и 7.000 градови во светот.
Организаторите на настанот во земјава информираат дека поради актуелната ситуација, ќе бидат исклучени само одредени локации во Скопје и Охрид.
Со симболичното исклучување на осветлувањето, милиони луѓе ширум светот ќе испратат порака за спас на планетата Земја.
