Раст на просечната нето-плата во јануари за 2,2%

24.03.2017 12:50

Раст на платите има во информатичко- комуникацискиот сектор, задолжителното социјално осигурување и во секторот рударство и вадење на камен.

Просечната нето- плата во Македонија во јануари изнесувала 22.750 денари, за 2,2 процента повеќе во однос на истиот месец лани- соопшти Државниот завод за статистика.

Раст на платите има во информатичко- комуникацискиот сектор, задолжителното социјално осигурување и во секторот рударство и вадење на камен.

Пад на примањата има во секторите уметност, забава и рекреација, градежништвото.

Просечната бруто-плата изнесува 33.441 денар. Во јануари, 1 процент од вработените не примиле плата.