Руски војници загинаа во напад во Чеченија

24.03.2017 13:44

Регионот со мнозинско муслиманско население е уништен во војните меѓу руските сили и сепаратистите...

Шест војници загинаа, а десет беа повредени при терористичкиот напад на воена база во Чеченија. Руската национална гарда ги распореди силите во Северен Кавказ за антитерористички операции.

Регионот со мнозинско муслиманско население е уништен во војните меѓу руските сили и сепаратистите по распаѓањето на Советскиот сојуз.