Олимписки зимски игри - Сочи 2014

Вуст за 86-ти медал за Холандија во брзо лизгање

09.02.2014 15:50

Холандија не е само земја на лалињата, туку и на брзото лзигање. Најуспешната нација во овој спорт во олимписката историја, дојде до 86-от медал, благодарение на златото на Ирене Вуст на 3000 метри. 27 - годишната Вуст го врати најсјајното одличје од Торино, што во Ванкувер го загуби од Мартина Сабликова од Чешка.

Со вкупно третото злато Холанѓанката ги обедини олимписката и светската титула. Сабликова  беше втора со секунда и 61 стотинка послаб резултат. Изненадување креираше Русинката Олга Граф која го постигна најголемиот успех во кариерата. Освои бронза со повеќе од три секунди побавно од шампионското време и и ја одзема можноста на легендарната Германка Клаудие Пехштајн уште во првата дисциплина во Сочи да го приграби десетиот олимписки медал.

41 – годишната Пехштајн е најтрофејна во историјата на брзо лизгање и во женска и во машка конкуренција и единствена со медали од сите пет Олимпијади на коишто учествуваше.