25 години од преземањето на касарната Илинден

24.03.2017 15:54

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со свеченост, одбележани 25 години од преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА. За овој значаен историски настан за АРМ и за државата, сведоштва на тогашните старешини на Македонската Армија...

Почнавме од нула, со санирање на објеките, прием на регрути, нивна подготовка-  раскажува првиот командант на Касарната „Илинден“, кој учествувал во преземањето на објектот од поранешната ЈНА. Првите припадници на гардиската бригада се горди што се учесници во формирањето на Армијата на Република Македонија.

Ние учевме во од, така и ги решававме проблемите. Се трудевме и еве го резултатот, успеавме- раскажува Жаклина Поповска, која го крена знамето на независна и самостојна Република Македонија.

Првите припадници на гардиската бригада беа пример за одговорност, посветеност и патриотзам. Сите тие оставија трајни и значајни белези во историјата, дадоа огромен придонес во изградбата на Армијата на Република Македонија, рече бригадниот генерал Орце Јордев- командант на Полк за специјални операции.

По повод 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија и учество во значајни историски настани за АРМ, на првите припадници на гардиската бригада им беа доделени благодарници.

Ана Јосифоска- Тодоровска