Продолжува судењето за убиството на 4-годишниот Алмир
Во Основниот суд во Куманово- ново рочиште за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу. Исказ даде вештакот. Оцени дека обвинетиот не бил душено растроен, но бил уплашен. Адвокатите на фамилијата ќе бараат дополнително вештачење.

Обвинетиот немал психопатолошки мотив, не се наоѓал во состојба на патолошки страв, не бил во привремено душевно растројство, но бил уплашен, бидејќи сметал дека му е загрозен физичкиот интегритет- ова е исказот на вештак од Клиниката за невропсихијатрија, даден на денешното рочиште за убиството на четиригодишниот Алмир.
Според него, кога се употребува терминот „умисла“ треба да се најде мотивот, кој може да биде во привремено душевно растројство или во асоцијална личност, психопатска личност, но кај обвинетиот тоа го немало. На исказот на вештакот реагираа адвокатите. Ќе бараат дополнително вештачење.
Адвокатот на првообвинетиот, Стеван Павлески, рече дека се согласува со исказот на вештакот. Во овој случај, 30 годишниот Бобан Илиќ се товари дека на 25 јуни минатата година го прегазил Алмир во близина на здравствениот дом во Куманово.
Наташа Гркова- Петрушевска
