Очекуван пораз од Монпелје!
Ракометарите на Зомимак очекувано загубија убедливо со 41-22 на гостувањето кај Монпелје во првиот натпревар од групната фаза во Купот на ЕХФ. Разликата во квалитет дојде до израз уште на почетокот кога со серија од 5-0 францускиот гигант најави дека рано сака да направи голема разлика, а со тоа да наметне рутинска игра до крајот.

Гајиќ со осум гола во првото полувреме ја решеташе мрежата на Зомимак кој само во кратки периоди успеваше да влезе во вистински ритам. Фостан даде седум гола, а Омејер, кој бранеше во првото полувреме забележа шест интервенции. Кај струмичкиот тим најефикасен беше Терзиќ со пет гола. Тренчевски постигна четири, Младеновски три, а Митревски и Ангеловски по два.
Во второто коло од групата „Бе“, наредната сабота, Зомимак ќе му биде домаќин на дански Скјерн, кој на отворањето на овој натпреварувачки сегмент загуби на теренот на Спортинг со 32-25.
Мечевите на Зомимак во Купот на ЕХФ ќе ги гледате на Македонската телевизија.