Средба Вучиќ- Путин во Москва
27.03.2017 10:16
Разговорите ќе се однесуваат на економската соработка и Евроазиската унија, но и на одбраната.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Разговорите ќе се однесуваат на економската соработка и Евроазиската унија, но и на одбраната.
Вучиќ потенцираше дека средбата со Путин е од големо значење за политиката и економијата на Србија.
