Прилепскиот театар со премира за Светскиот ден на театарот
Прилепскиот театарски ансамбл, симболично со премиера го одбележува Светскиот ден на театарот, 27-ми март. Истовремено бележи и редок јубилеј. 35 години соработка со режисерот Коле Ангеловски преку 26 претстави. Некои имаат и преку 100 изведби.
Премиерата на „Ништо без Трифолио“ е подарок на Прилепскиот театар за фелата и за Светскиот ден на театарската уметност. Оваа изведба на текстот на Русомир Богдановски сака да понуди современа верзија на љубовта, но и на односите во нашето современо живеење.
Дејството на претставата не може без Трифолио, кој ги поврзува 11- те ликови.
Ангеловски има редок јубилеј со прилепскиот ансамбл. Со него соработува 35 години во 26 претстави. Некои имаат јубилејни изведби.
„Ништо без Трифолио“ е прва премиера на Прилепскиот театар годинава. Костимите се на Раде Василев, сценографијата на Илина Ангеловска. За музиката се погрижи Томе Темелкоски.
Елизабета Митреска
