Исчекор за Русинките и за Швеѓанките
Русија и Шведска остварија значајни победи на патот до четвртфиналето на женскиот хокејарски турнир на Олимписките зимски игри во Сочи. За радост на домашните навивачи во „Шајба“, Русинките ја совладаа Германија со 4-1 и тоа со пресврт во последната третина. Германките водеа со голот на Буш во 36-та минута, но „зборнаја“ имаме секавичен период од седум минути кога беше поставен конечниот резултат. Пакот во мрежата двапати го прати Сосина, а по еднаш погодија Гаврилова и Смоленцева.

Русија и Шведска остварија значајни победи на патот до четвртфиналето на женскиот хокејарски турнир на Олимписките зимски игри во Сочи. За радост на домашните навивачи во „Шајба“, Русинките ја совладаа Германија со 4-1 и тоа со пресврт во последната третина. Германките водеа со голот на Буш во 36-та минута, но „зборнаја“ имаме секавичен период од седум минути кога беше поставен конечниот резултат. Пакот во мрежата двапати го прати Сосина, а по еднаш погодија Гаврилова и Смоленцева. Во другиот меч од групата „Бе“, Шведска ја совлада Јапонија со 1-0 со голот на Асерхолт уште во првиот период.
На хокејарскиот олимписки турнир, утре во групата „А“, Канада ќе се сретне со Финска, а Американките ќе играат со Швајцарија.
