Продолжува конститутивната седница на Собранието

27.03.2017 10:39

За 12 часот е најавено продолжението на конститутивната седница, на која треба да се избере составот на Комисијата за избори и именувања.

По речиси три месеци, пратениците од новиот парламентарен состав повторно се враќаат во собраниските клупи. За 12 часот е најавено продолжението на конститутивната седница, на која треба да се избере составот на Комисијата за избори и именувања.

Парламентарните партии постигнаа договор, претседателот да биде од ВМРО-ДМПНЕ. Извесно е дека Илија Димовски ќе раководи со Комисијата. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден.

На дневен ред е и изборот на нов спикер на Парламентот. Од ДУИ предходно информираа дека нивни предлог е Талат Џафери. Официјално, од СДСМ се уште не се изјасниле дали ќе застанат зад оваа кандидатура. И од БЕСА најавија дека ќе излезат со свој кандидат.

Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат каков ќе биде нивниот став, и дали и тие можеби ќе предложат свој кандидат. Велат дека ќе постапуваат според Уставот и законите, и во интерес на државните и националните интереси.