Пад на температурите

27.03.2017 10:21

Се очекуваат и повремени врнежи од дожд, претежно во југозападните и во јужните делови, а на планините и на повисоките места, врнежи од снег.

По неколкудневните високи температури, денеска позначително нивно опаѓање во интервал од 7 до 14 степени.

Се очекуваат и повремени врнежи од дожд, претежно во југозападните и во јужните делови, а на планините и на повисоките места, врнежи од снег.

Во средината на неделата ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури од минус 2 до 4 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.