Само 7% од текстилното производство е македонско

27.03.2017 11:06

Само седум насто од производството на текстил е македонско. Остатотокот е лон. Се користат материјали од странство. Домашните фабрики работат со застарена технологија, а се соочуваат и со недостиг на соодветен персонал. Според статистичките показатели, опаѓа и бројот на вработените во оваа индустриска гранка.

Само седум проценти од производството на текстил е со предзнак македонско, остатотокот е лон. Според менаџерите, домашните текстилни фабрики работат со застарена технологија, а се соочуваат и со недостиг на кадар. Поради политичката криза дел од компаниите не успеаа да склучат нови договори со партнери од Франција и Романија. Дополнителен проблем е што нема производство на репроматеријали за да се создаде целосен македонски бренд.

Oд текстилното здружение велат дека се бара начин како државата со мерки да го стимулира овој сектор. Недоволната конкурентност со странските фирми е една од причините за ситуацијата во која се наоѓа македонската текстилна гранка. Македонските компании неможат да ги користат европските фондови за купување на нови машини. Според менаџерите младите не сакаат да работат во текстилна индустрија како шивачи , бидејќи оваа гранка не е атрактивна.

Бројот на работници во текстилната индустрија бележи пад. Според статистиката бројката од околу 60.000 во 2010-тата, сега е двојно намалена.

Извозот на текстилната индустрија е над 590 милиони долари и учествува со 13,3 отсто од вкупниот извоз на Македонија. Германија, Грција, Италија, Холандија се најголеми партнери. Речиси 90 проценти се произведува по лон системот по порачки за странски модни куќи.

 

Дијана Ценевска