Демохристијаните на Меркел победници на регионалните избори во Сар

27.03.2017 11:20

Противничката Социјалдемкратска партија на Германија, на левиот центар на чело со Мартин Шулц, освои 29,6 отсто од гласовите.

Со 40,7 отсто, Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на регионалните избори во Сар. Противничката Социјалдемкратска партија на Германија, на левиот центар на чело со Мартин Шулц, освои 29,6 отсто од гласовите.

Во мај се одржуваат избори во сојузните покраини Шлезвиг Холштајн и Северна Рајна Вестфалија, а во септември и сојузни парламентарни избори.