„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

27.03.2017 11:57

Како што велат, не планираат да отстапат од нивните барања за отфрлање на Тиранската платформа.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија дека продолжуваат со протестите во Скопје и низ повеќе од 30 градови во државава. Како што велат, не планираат да отстапат од нивните барања за отфрлање на Тиранската платформа.

Неприфатливо е и избор на претседател на Собранието кој ќе ја поддржи платформата на партиите од албанскиот блок. Велат- не за бинационална држава, да за унитарна и мултиетничка Македонија.