Француските ултрадесничари прогнозираат распад на ЕУ

27.03.2017 11:59

Марин ле Пен ги обвини политичките платформи на центристот Макрон и на конзервативецот Фијон за поддршка на европскиот блок и пазарната економија.

Лидерката на ултрадесничарите од Националниот фронт и кандидат за претседател на Франција Марин ле Пен ги обвини политичките платформи на центристот Макрон и на конзервативецот Фијон за поддршка на европскиот блок и пазарната економија.

„ЕУ ќе умре зашто народот не ја сака веќе. Уште еднаш потврдуваме дека арогантните и хегемонистичките империи се осудени на пропаст. Европската идеја уништена од федералистите ќе си ја врати енергијата, ќе си ја врати силата во онаа Европа на народите и на нациите со сојузниците“, вели Ле Пен.

„По Брегзит и победата на Доналд Трамп, претседателските избори во Франција се следната фаза од глобалниот бунт на луѓето“, тврди Ле Пен.