Хет – трик за МЗТ Скопје Аеродром!!!
Третпат по ред МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на нашиот кошаркарски куп. Во финалето во Охрид, македонскиот шампион се намачи, но ја совлада Лирија со 76-73. Скопските „сини“ одлично го отворија натпреварот и поведоа со 12-4, но на крајот на првата четвртина беше 16-14, а на почетокот на втората Лирија го израмни резултатот. Сепак, со серија од 7-0 инспирирана од Чековски, МЗТ повторно ја врати предноста и до звукот на завршната сирена постојано водеше, иако Лирија на крајот успеа да се приближи и да влезе во тесна завршница.

Третпат по ред МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на нашиот кошаркарски куп. Во финалето во Охрид, македонскиот шампион се намачи, но ја совлада Лирија со 76-73. Скопските „сини“ одлично го отворија натпреварот и поведоа со 12-4, но на крајот на првата четвртина беше 16-14, а на почетокот на втората Лирија го израмни резултатот. Сепак, со серија од 7-0 инспирирана од Чековски, МЗТ повторно ја врати предноста и до звукот на завршната сирена постојано водеше, иако Лирија на крајот успеа да се приближи и да влезе во тесна завршница. На полувремето беше 42-30, составот од Аеродром имаше и предност од 20 коша, но на 12 секунди до крајот Лирија дојде до негатива од два поена, 72-70. Во пенал – завршницата не затрепери раката на Гечевски, па МЗТ Скопје се израдува на седмиот куп пехар.
Со 16 коша, Гечевски беше најефикасен во победничкиот табор, Чековски постигна 15, а Маринковиќ и Дејвис по 14 поени. Кај Лирија Трајковски изброја 16 поени, Колс заврши со 11, а двоцифрен беше и Јелесијевиќ со десет поени.
