Партијата на Борисов победник на изборите во Бугарија
Централно-десничарската партија ГЕРБ, на поранешниот премиер Бојко Борисов, осви 32,58 проценти од гласовите. На второ место е Социјалистичката партија со 26,8 насто од гласовите, додека на трето место е Националната алијанса на обединетите патриоти која освои 9,2 проценти. Борисов нагласи дека неговата партија ќе ги вложи сите сили за да формира нова коалициска влада.

Бугарската изборна комисија соопшти дека по врз основа на пребројани речиси 100% насто од гласовите, централно-десничарската партија ГЕРБ, на поранешниот премиер Бојко Борисов, освила 32,58 проценти. На второ место е Социјалистичката партија со 26,8 насто од гласовите, додека на трето место е Националната алијанса на обединетите патриоти која освои 9,2 проценти. Борисов нагласи дека неговата партија ќе ги вложи сите сили за да формира нова коалициска влада.
„Сакам да ја изразам мојата почит кон сите граѓани кои гласаа за други партии. Резултатот што го имаме во овој момент е непобитен. Пред неколку месеци, бидејќи постоеја сомнежи, и бидејќи демократијата ни е многу важна, имаше повици за оставки. Го направивме она што беше морално. Поднесовме оставки. Така што овој резултат потврди дека ГЕРБ мора да биде водечката партија во владата“, изјави претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Според податоците на изборната комисија, во бугарскиот парламент ќе влезат и партијата на турското малцинство МРФ со освоени 8,9 насто и популистичката партија ВИЛ со 4,1 насто освоени гласови. Лидерот на БСП Корнелија Нинова го призна поразот и му честиташе на Борисов, дополнувајќи дека нејзината партија ќе се обиде да формира влада, доколку ГЕРБ не успее во тоа.
„Ако ГЕРБ не повика на преговори за коалиција, ќе одбиеме. Нема да учествуваме во нив. Во политиката постојат принципи, ние потенциравме дека нашите програми се целосно различни. Ако тие не успеат да формираат влада, и ако мандатот ни биде доделен нам, ние ќе се обидеме да го сториме тоа“, рече Корнелија Нинова, претседател на БСП.
Конечните официјални резултати од изборите се очекуваат в четврток. На 1-ви јануари следната година Бугарија ќе го преземе претседавањето со Европската унија.
Марина Автовска
