Ако Турција ги пушти мигрантите, земјите од Балканската рута ќе се соочат со сериозен проблем
Ако Турција реши да ги пушта мигрантите, тогаш Македонија, но и другите земји од Балканската рута ќе се соочат со сериозен проблем, предупредува невладиниот сектор. Регистрацијата, евиденцијата и контролата на голем бран бегалци е невозможна. Миграцијата не е национален проблем, и е потребна поголема регионална соработка, вели министерот за внатрешни Нухиу.

Ако Турција почне да пушта по 30.000 до 50.000 мигранти дневно, а Грција одбие да ги прими, тоа ќе биде сериозен проблем со кој ќе се соочат сите земји од т.н. Западно-балканска рута, предупредуваат од граѓанската организација ЛЕГИС. Според нив, Македонија имаше сериозен проблем кога околу 13.000 мигранти во тек на 24 часа влегоа во земјва во октомври 2015-та година. Велат, како што запирањето на балканската рута беше политичка одлука и отворањето на истата би била политичка одлука, на Турција и на Европската унија, кои пред една година потпишаа договор.
Во моментов, Македонија се соочува со нелегална миграција преку криумчарските рути – предупредуваат од ЛЕГИС. Надлежните, пак, велат дека е потребна поголема соработка за справување со мигрантската криза. Искуствата покажуваат дека недостасувала координација и солидарност, а хуманитарниот и безбедносниот аспект биле ставен во втор план. Изминатиов период, околу 600.000 мигранти поминале низ Македонија.
Македонија и Србија беа актуелни до затворањето на Балкнаската рута како транзит земји. Секоја од земјите во регионот се соочува со различни предизвици. Грција, на пример, е земја каде што што прво доаѓаат беглаците, а и останаа голем број од нив. Во Хрватската, Словенија и Австрија мигрантите бараат интеграција. Крајна дестинација за луѓето од кризните жаришта се земјите од Западна Европа.
Наташа Јанчиќ
