Коцијанчич: Отворањето на преговорите зависи од Европскиот совет

27.03.2017 13:46

Препораката на Комисијата за отворање на преговорите е условена со применување на договорот во Пржино и итните реформски приоритети...

Портпаролката на Европската комисија за соседска и проширување, Маја Коцијанчич беше прашана денеска во Брисел дали при средбата на втори март во Скопје, шефицата на европската дипломатија и безбедност, Федерика Могерини му ветила на лидерот на СДСМ отворање на преговорите за евроинтеграција доколку успее да формира влада.

„Не коментираме коментари. Препораката на Комисијата за отворање на преговорите е условена со применување на договорот во Пржино и итните реформски приоритети. И за отворањето на пристапните преговори, кога овие услови ќе се исполнат, ќе одлучи Европскиот совет“, изјави Коцијанчич.