Обука за 400 невработени лица

27.03.2017 15:23

400 невработени лица годинава ќе бидат вклучени преку мерката Обука кај познат работодавач. Обезбедени се 11,2 милиона евра. Се очекува речиси 50 проценти од лицата да добијат работа, велат од Агенцијата за вработување. Програмата ќе трае 3 месеци, за што ќе добиваат по 9 илјади денари месечно.

400 невработени ќе одат на обука кај познат работодавач. Мерката ќе се финансира со 11,5 милиони евра. Програмата ќе трае 3 месеци, а оние ќе учествуваат во неа ќе добиваат по 9 илјади денари месечно, вклучувајќи го и платено осигурување. Работодавачите се должни на неопределено време во период од 6 месеци да задржат 50 проценти од оние кои ќе ги примат на обука.

Услов за работодавачот да конкурира е да нема намалување на бројот на вработени , да нема загуби во 2016 година и да не должи пари по основ на даноци и придонеси кон државата. За периодот на траење на обуката, корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат пари.

Ако корисникот на социјална помош е отпуштен од работа пред истекот на мерката, има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош. Досега преку оваа мерка биле вклучени над 7.800 лица, од кои над 5.500 се во работен однос.

 

Дијана Ценевска