Злато за Лох, историја за Цегелер
Германецот Феликс Лох е сегашноста и иднината на светското санкање, италијанскиот ветеран Армин Цегелер испиша историја. 24 – годишниот Лох ја одбрани обединетата олимписка и светска титула, затоа што како и во Ванкувер и во Сочи беше најбрз по четирите трки во санкање поединечно.

Затоа пак 40 – годишниот Цегелер е првиот спортист што освоил медал на шест Зимски олимпијади и тоа на сите на коишто настапи, дури и во серија што почна од Лилехамер 1994-та. Италијанецот беше бронзен како и пред четири години, а во богатата кариера во којашто има 37 медали од големите натпреварувања собра две злата, едно сребро и три олимписки бронзи.
Втор како и во Торино беше 42 – годишниот руски санкач Алберт Демтченко кој настапи на своите седми Олимписки зимски игри. Лох имаше 476 илјадитинки подобар вкупен резултат од Демтченко, додека Цегелер беше повеќе од секунда побавен од олимпискиот шампион.