Музалас: Грција веќе не може да прима бегалци

27.03.2017 15:41

Музалас предупреди дека земјата веќе не може да прима бегалци и не е во состојба да го спроведе Даблинскиот договор.

Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас предупреди дека земјата веќе не може да прима бегалци и не е во состојба да го спроведе Даблинскиот договор.

Во интервју за германски „Шпигел“,  потенцира дека спогодбата меѓу ЕУ и Турција е успешна зашто го ограничила мигрантскиот бран вo Грција на  60 луѓе дневно.