Замјоделство: Пласманот и неорганизираниот откуп- најголем проблем
Најголем проблем на земјоделците во руралните региони предизвикува пласманот на производството и неорганизираниот откуп, што резултира со ниски цени на земјоделските производи. Анкетата на руралната коалиција меѓу 128 земјоделски стопанства покажала дека институциите во 64% од случаите одговориле на нивните барања во рок подолг од 15 дена. Земјоделците бараат поголема пристутност на инспекциите на терен, како и повеќе практични обуки.

Освен временските неприлики најголем проблем на земјоделците во руралните региони е пласманот на производството и неорганизираниот откуп, што резултира со ниски цени на земјоделските производи. Килограм најквалитетен морков се откупува за 20 денари, но најчесто земјоделците добиваат од 5 до 12 денари, вели Крсте Крстевски од скопско Стајковци, еден од најголемите производители во земјава. Трговците немаат интерес за извоз во време кога на домашниот пазар има вишок градинарски производи, вели Крстевски. Бара реално вреднување на трудот на земјоделците, но и пазарни цени кои ќе бидат достапни за купувачите.
„Во државава како секој да се бори што повеќе да увезе :ниту еден не го интересира за извоз. Значи многу мал дел мислат“, изјави Крсте Крстевски, регистриран земјоделец, с. Стајковци.
Со проблеми се соочуваат и сточарите. Ниските цени не овозможуваат покривање на трошоците, ниту пак проширување на стадото. Најголем проблем се трговците кои ги зеле јагнињата, но им должат поголеми износи на сточарите.
„Кога ќе дојде откупот ја симнуваат цената и за фармерот ништо не останува“, вели Даут Думани, сточар.
Политичката криза дополнително ја комплицира состојбата во овој сектор, затоа што неколку месеци се блокирани субвенциите.
„Многу работи стојат. Само субвенциите не се исплаќаат 4 месеци и тоа откако завршија изборите. Значи близу 5 месеци нема никави исплати кон земјоделците“, изајви Трајан Димковски, Рурална коалиција.
Анкетата меѓу 128 најразлични по големина и дејност земјоделски стопанства покажала дека институциите во 64% од случаите одговарале на нивните барања во рок подолг од 15 дена. Земјоделците бараат поголема присутност на инспекциите на терен, како и повеќе средства за практични обуки на терен, на огледни фарми и парцели.
„Повеќе да бидат застапени институциите на терен, меѓу самите земјоделци. Поголем дел од средствата да се пренаменат за спроведување најразлични обуки, било тоа де се демонстративни фарми или посета на терен“, изјави Лилјана Јоноски, проектен координатор.
Меѓу 11-те препораки се бара и да профункционира едношалтерскиот систем во земјоделството и руралниот развој, да се прилагоди рокот за пријавување за субвенции според календарот на земјоделците и да засилат контролите на откупните центри особено во делот на исплата на преземениот род.
Свето Николовски
