Четврт ден протести во БИХ
Зоран Милановиќ: Ако ЕУ имаше јасна и транспарентна политика, немаше да има протести во Босна
4-ти ден траат протестите во Босна. Во Сараево е блокирана улицата пред претседателството на Босна и Херцеговина... Луѓето преку транспаренти ја посочуваат тешката економска состојба, бараат оставки и ослободување на притворените демонстранти. Забележливо е големо присуство на специјалните полициски сили, но состојбата за сега е мирна.

„Еден полицаец во цивилна облека ме зграпчи за косата и ми ја фати раката. Јас само бранев едно момче што лежеше долу на земјата. Еве ќе ви покажам. Погледнете! Само реков, ве молам не го повредувајте момчето. Жалам за запалените згради, но, господине, доста ни беше. Луѓето се гладни“.—жител на Сараево
Претседателот на хрватската влада, Зоран Милановиќ е во Мостар во обиколка на оштетените згради во неодамнешните немири. Милановиќ рече дека протестите не би се случиле доколку Европската Унија имала јасна и кохерентна политика за тоа што сака во земјата. Високиот претставник на ЕУ во БиХ, Валентин Инцко, порача дека доколку ситуацијата ескалира, треба да се размисли за испраќање трупи од Европската Унија во земјата. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е во Белград на средба со потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ. Претходно се огласи Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
„1992-та нема да се повтори. Ќе сториме се што е во наша моќа да го спречиме тоа. Ние го преживеавме тоа, но овие деца денес, родени по војната, коишто ги гледаа своите родители како се мачат во сиромаштија, за тие деца треба да се грижиме. Без оглед на тоа што сториле вчера“-Златко Лагумџија, министер за надворешни работи на Босна
Повеќедневните протести во земјата резултираа со оставките на кантоналните функционери во Тузла, Зеница и во Сараево, а во Мостар оставка поднесе началникот на полицијата. Во знак на солидарност со граѓаните на Тузла, група граѓани во Белград за утре најавија протести во центарот на градот.
Марина Автовска